Познати официјалните лица за европскиот двомеч на шампионот Ѓорче Петров

Македонскиот шампион Ѓорче Петров ги дозна официјалните лица за натпреварите од третата рунда во Европскиот Куп.

„Лавиците“ ќе играат против белгискиот тим Ојпен на 12 ноември во Белгија и на 19 ноември во Македонија.

Првата средба ќе се игра од 14:00 часот, а ќе ја судат шпанските арбитри Ојарзун Ајлагас и Зарагуета Руиз, додека делегат ќе биде Холм од Германија.

Реваншот ќе се игра од 20:00 часот, а ќе го судат Шад и Милер од Швајцарија, а делегат ќе биде Мелкојан од Ерменија.