Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше извршена ждрепката за завршниот турнир во Лигата на Европа.
Во првото полуфинале ќе се сретнат двете романски екипи – Глорија Бистрица и Дунареа Браила, па Романија сигурно ќе има претставник во финалето.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на францускиот Нант и норвешкиот Сторхамар.
Завршниот турнир во женската Лига на Европа ќе се игра на 11/12 мај во „Раифајзен Спортпарк“ во австрискиот град Грац.