Завршните турнири во Купот на Македонија во двете конкуренции ќе се одиграат во на 16, 17 и 18 мај 2025 година.
Претколото од машкиот Куп, односно елиминациите ќе се играат на 29/30 март следната година, додека групната фаза по која ќе бидат познати патниците на Ф4 е на програмата на 19/20 април.
Во женскиот Куп, групната фаза ќе се игра на 9/10 ноември годинава, по што ќе бидат одредени екипите што ќе се пласираа на завршниот турнир.
Бранители на трофеите се екипите на „сино-белите“ од Автокоманда и Ѓорче Петров, кои славеа во финалињата против Еурофарм Пелистер и Чаир.