Познати 11 селекции што ќе играат на ЕП, има уште 13 слободни места

Откако се одиграа половина од натпреварите од 5 коло од квалификациите за ЕП 2026, познати се уште три селекции што обезбедија место на континенталниот собир.

Покрај триото домаќини – Данска, Норвешка и Шведска, како и европскиот првак Франција, односно селекциите што претходно обезбедија евро-билет, уште три репрезентации се израдуваа на пласман на ЕП.

Тоа се Унгарија, Чешка и Германија, додека Турција и се придружи на Словачка, две селекции кои со по пет порази се во аут од трката за место на ЕП.

На чекор до ЕП се Швајцарија и Австрија, а денеска својот пласман може да го потврдат Шпанија и Црна Гора.

Пласман на континенталниот собир обезбедуваат прво и второпласираните селекции од осумте групи, како и четирите најдобри третопласирани.

Квалификации за ЕП 2026:

пласирани:
– Данска, Норвешка, Шведска (домаќини)
– Франција (актуелен првак)
– Словенија (прво место во група 1)
– Унгарија (прво место во група 2)
– Исланд (прво место во група 3)
– Хрватска (прво место во група 5)
– Чешка (второ место во група 5)
– Португалија (топ 2 во група 6)
– Германија (прво место во група 7)

скоро пласирани:
– Црна Гора (група 2)
– Шпанија (група 4)
– Швајцарија, Австрија (група 7)

ништо не е решено:
– Литванија, Македонија, Естонија (група 1)
– Финска (група 2)
– Грузија, Босна и Херцеговина, Грција (група 3)
– Италија, Србија, Летонија (група 4)
– Белгија, Луксембург (група 5)
– Фарски Острови, Холандија, Украина, Косово (група 6)
– Полска, Романија, Израел (група 8)

без шанси:
– Словачка (група 2)
– Турција (група 7)