Познат составот на Литванија за мечот со Македонија – ќе играат Малашинскас, Бабарскас…

Селекторот на Литванија, Гинтарас Савукинас, го објави списокот на ракометари за првите две средби од квалификациите за ЕП 2026 против Словенија и Македонија.

Савукинас повика 18 ракометари, од кои десетмина доаѓаат од домашното првенство – четворица од Драгунас Клаипеда, по двајца од Свиеса, Амбер и Алитус, а има и осум интернационалци.

Ромас Аукштикалнис, кој игра во Втората Бундес лига не доби повик поради слабата минутаќа во клубот, но тука се искусните Аиденас Малашинскас и Гердас Бабарскас, како и двајцата 36-годишни голмани, Гиедриус Моркунас и Вилиус Рашимас.

Можеби најдобриот литвански ракометар, Јонас Тручановичиус, повторно заработи сериозна повреда и ќе паузира до крајот на сезоната, па нема да може да му помогне на националниот тим.

Македонија на 6 ноември ќе ги стартува квалификациите за ЕП 2026 со домашен натпревар против Естонија во Скопје, додека на 10 ноември ќе гостува во Виљнус на меч со Литванија.