Машката кадетска репрезентација на Македонија на почетокот на идната година ја очекува настапот во квалификациите за Европското првенство 2024 година.
Селекторот Наум Танески на поширокиот список има 35 ракометари, а во текот на следните денови ќе биде објавен и скратениот список со ракометарите што ќе ги почнат подготовките в понеделник.
Македонија е во група со Швајцарија, Словачка и Косово, а натпреварите од квалификацискиот турнир ќе се играат во Скопје.
Домаќин ќе биде салата во Автокоманда од 5 до 7 јануари, а сите три меча, нашите репрезентативци ќе ги играат од 15:00 часот.
Најдобрите две селекции од групата ќе обезбедат место на Европското првенство за кадети што ќе се игра во Црна Гора во август.