Познат е составот на Грција – еве кои ракометари ќе играат против Македонија

Селекторот на јужниот сосед на Македонија, Георгиос Заравинас, го објави списокот на ракометари пред двомечот со нашата репрезентација следниот викенд.

Заравинас ќе смета на 21 ракометар, од кои најголем дел доаѓаат од домашниот шампионат од тимот на Олимпијакос.

Деби би требало да има 19-годишниот плејмејкер на Дукас, Димитрис Панајоту, а на списокот се искусни ракометари како Малиос, Савас, Цирас, Буковинас, Tоскас, Арабазис, Михаелидис, Пасијас, Кедерис…

Дури осуммина ракометари доаѓаат од Олимпијакос, петмина се од АЕК, има по двајца од Дукас и ПАОК, како и по еден од Драма и Јонијан.

Заравинас ќе смета и на двајца интернационалци – голманот Петрос Буковинас од германскиот Гросшвалтат и левиот бек Теодорос Боскос од шпанскит Пуенте Хенил.

Грците како и Македонија, ќе ги започнат подготовките за оваа ЕХФ недела на 30 октомври во понеделник, а натпреварите ќе се играат на 3 и 4 ноември.