Селекцијата на Франција ќе биде ривал на Македонија во битката за 9 место на Европското првенство за младинци во Словенија.
Французите во полуфиналниот двобој од вкрстувањето за пласман од 9 до 12 место, ја совладаа Хрватска со 29-26.
Иако Хрватите имаа и предност од четири гола во текот на натпреварот, сепак тоа не беше доволно за победа.
Македонија и Франција играа во групата од разигрувањето за пласман од 9 до 16 место, а „триколорите“ славеа на тој меч со 25-18.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе се игра в недела од 14:20 часот, додека од 12:00 часот за 11 место ќе играат Хрватска и Унгарија.