Пораз на Македонија во Литванија

Македонија не успеа да извлече поволен резултат, и со пораз се враќа од гостувањето во Литванија, 27-29 (11-13). Го одбравме потешкиот пат за пласман на ЕП 2026, иако има уште четири натпревари за играње.

Во еден момент во првото полувреме домашните имаа водство од 9-5. Но брзо вративме, па намаливме на 10-9, но нашите грешки ривалот ги казнуваше, па повторно поведе со „плус 3“, за 12-9. Имаше на моменти и судиски одлуки на кои реагираше нашата клупа, сепак Литванија имаше одбрана која тешко се пробиваше.

Честите смени на седморката во напад што ги правеше Кирил Лазаров повремено даваше резултат, но домаќините постојано имаа предност. Можеа нашите ракометари да извлечат барем нерешено во по последниот напад Петар Атанасијевиќ не погоди од чиста ситуација. Марко Кизиќ пак во последните секунди го одбрани ударот на Думичиус

Само што почна второто полувреме, Македонија имаше повеќе од една минута напад, но не реализираше, па Литванија на спротивната страна даде гол, за ново водство од 14-12. Македонија успеа да израмни, па и да поведе со 15-14. А потоа два напади не успеавме да реализираме за повисоко водство. И бидејќи ние не успеавме, домашните израмнија на 15-15.

Долго потоа се играше „гол за гол“, Македонија постигнуваше гол, а Литванија израмнуваше. Во 46 минута при наше водство 20-19 исклучен беше Аларов, но во одбрана успеавме да не дозволиме да бидеме надмудрени, и добивме шанса да отидеме на повисоко водство. Тогаш Лазаров побара тајмаут, но наместо да се реализира, литванскиот голман ја одбрани топката и на празен гол израмни, на 20-20.

Во напад Мартин Серафимов направи пробивање, а литвскиот играч неспортски го оттурна Велковски, кој реагираше, а судиите му дадоа 2 минути исклучување. На спротивната страна домашните веднаш реализираа з аново водство 22-21 со играч повеќе. Милан Лазаревски изнуди пенал и исклучување, а Кузмановски во 51 минута израмни на 22-22.

На нашите грешки Литванците брзо реализираат, и наместо ние да водиме со 24-23, откако загубивме топка во контра дпмашните направија гол предност, а остануваа уште пет минути до крај. Можеби ненавикнати на моменти на чудниот судиски критерум, Литванците подобро се адаптираа па зголемија во контра на 25-23. Добро е што брзо вративме преку Пешевски.

На почетокот на 57 минута Лазаревски повторно се избори за исклучување, а Кузмановски брзо то аго решава и дава гол за намалување на 26-25. Домашните играат без голман за да го амортизираат исклучениот играч, а Дучиус во моменти н апасивна игра дава гол и пак зголемува на „плус 2“.

Голманот Рашумас имаше двоцифрен број одбрани, но не го одбранои ударот на Павле Атанасијевиќ во 58 минута. На 120 секунди до крај домашниот селектор бара минута одмор, при резултат 27-26 за Литванија. Секоја топка е важна, а секој гол значи или победа, или пресврт.

Домашните добија седмерец, а Малашинскас зголемува на 28-26м на 80 секунди до крај на мечот. Мартин Серафимов се избори за пенал, а Филип Кузмановски погодува за 28-27, на 50 секунди до крај. Но, до крајот имаше малку време, а Литванија погоди за водство што им донесе победа.

Филип Кузмановски со 8 гола беше најпрецизне во нашата репрезентацја, а Мартин Серафимов даде 5 гола, исто колку и Жарко Пешевски.
Кај Литванија, осум гол ададе Мласинскас, а седум Антанавичиус.