Тимот на Цирих, каде игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, израмни на 1-1 во полуфиналната серија од плеј-офот во швајцарскиот шампионат против Криенс Луцерн.
По поразот на гостински терен во Луцерн, Цирих славеше дома со 31-29, откако и на полувремето водеше со четири гола, 18-14.
Поповски ја продолжи одличната форма и успеа да постигне пет погодоци од пет обиди на овој натпревар.
Во серијата до три победи или подобар пет, следниот натпревар се игра во Луцерн на 21 април, додека четвртиот е на 24 април во Цирих.