Поповски и Цирих со нов триумф, ги дели уште еден за плеј-оф полуфинале во Швајцарија

Тимот на Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, води со 2-0 во победи во четвртфиналната серија против Сент Гален.

Цирих славеше на втората средба на гостински терен кај Сент Гален со 34-26 и сега ги дели уште еден триумф за полуфинале во швајцарскиот шампионат.

Македонскиот интернационалец Поповски беше втор стрелец и постигна четири гола, а најефикасен беше екс членот на Металург, Јануш Лапајне со девет погодоци.

Цирих следниот натпревар против Сент Гален го игра на 4 април, па ако слави ќе  може да мисли на следниот ривал во битката за титулата.