Поповски е во животна форма, Цирих му „дише во врат“ на Кадетен

Tимот на Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, одигра реми со незгодниот Фади Винтертур, 25-25.

Во натпреварот од 21 коло од швајцарскиот шампионат, Поповски беше втор стрелец во домашниот тим.

Десното крило кое во Цирих ја покрива десната бековска позиција, успеа да постигне шест погодоци од седум обиди.

Сега Цирих има 31 бод, се наоѓа на делба на второто место со Криенс Луцерн, а лидер е Кадетен Шафхаузен со 39 бодови.

Во следното коло Цирих и Поповски, кој пред три дена ја продолжи соработката до 2026 година, ќе игра на гости кај актуелниот првак во Шафхаузен.