Полската ракометна федерација и ЕХФ го потврдија градот домаќин на првиот бараж меч за СП 2025 меѓу Полска и Македонија.
Овој натпревар е закажан за 9 април во градот Кошалин со почеток во 20:30 часот, додека реваншот ќе биде во Битола три дена подоцна.
Салата во Кошалин има капацитет од 3.000 гледачи, а полската федерација се уште не ги пуштила во продажба билетите за овој дуел.
Реваншот меѓу Македонија и Полска ќе биде одигран на 12 април од 19:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Последните репрезентативни натпревари на дамите во Скопје не беа со голема посета, но тоа сигурно ќе се промени во Битола.