Хрватскиот шампион Загреб беше на прагот на направи уште една сензација, по она против Колстад, но во дуелот од 4. коло од Лигата на шампионите одигра нерешено против тимот на Алборг, 30:30.
Иако Загреб водеше со 29:27 во 55 минута, сепак, данскиот тим направи целосен пресврт, постигна три гола во низа и поведе со 30:29 на десетина секунди пред крајот.
Сепак, храбрите момци на Андрија Николиќ не се откажаа во намерата да дојдат до бод и буквално во финишот израмнија на 30:30.
Стрелец на голот за реми беше 21-годишниот репрезентативец на Србија, Милош Кос, кој со проектил од девет метри успеа да го совлада искусниот Никлас Ландин.
Освоениот бод на Загреб против Алборг е голем како планина, бидејќи „плинарите“ сега на свое конто имаат три бодови.
View this post on Instagram