ФОТО: ЖРК Подравка

Подравка му верува на Обрван – продолжена соработка на уште две сезони

Хрватскиот шампион Подравка ја продолжи соработката со екс селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Ивица Обрван.

Искусниот стратег, кој клупата на поранешниот европски гигант ја презеде пред две години, повторно ги задоволи критериумите на управата на клубот од Копривница.

Двете страни се договорија на нова, двегодишна соработка, па така Обрван ќе ја предводи Подравка најмалку до сезона 2026/27.

Оваа сезона Подравка се врати во европската елита и покажа дека може да им парира на посилните екипи.

Обрван ја водеше Македонија на три големи натпреварувања – ЕП 2014, СП 2015 и ЕП 2016 година.