Репрезентацијата на Србија со победата над Турција од 35:30 (17:16) го освои првото место на традиционалниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија.
Привремениот селектор на Србија, Далибор Чутура, на располагање имаше комбиниран состав, повеќето од играчите беа млади, а меѓу поискусните беше членот на Еурофарм Пелистер, Урош Борзаш.
Одлична партија против Романија имаше 20-годишниот член на Тулуз, Урош Митровиќ, кој натпреварот го заврши со 100% реализација, седум од седум, и покажа може сериозно да се смета на него во иднина.
Средниот бек на Србија, Симо Шијан, кој беше меѓу дебитантите во составот на „орлите“ го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на турнирот.
Грузија направи изненадувања, славеше над домаќинот Романија со 35:34 (17:15) и на крај заврши на второто место, бидејќи имаше две победи, триумфираше и над Турција.