Поделени државните субвенции – еве колку пари добија македонските клубови!

Сите ракометни клубови по подолго време ја добија очекуваната помош од државата, досега позната како „ваучер-систем“. Голем дел од клубовите тврдеа дека тие пари им се главен извор за функционирање, и постојано прашуваа кога ќе ги добијат. Наместо комисии во федерациите, сега за сите критериуми и оценувањето решава Министерството за спорт.

Според новите критериуми, одредени од Министерството за спорт, најмногу поени, а со тоа и најголем износ на субвенции доби македонскиот шампион Еурофарм Пелистер – 12.218.126 денари.

Вардар е втор на листата, додека „сино-белиот“ тим од Автокоманда од државата на сметка доби околу 11 милиони денари. Потоа следуваат Охрид, Тиквеш и Бутел Скопје, а од тимовите што минатата сезона беа дел од Првата лига најмногу пари од државата доби Бисинов ФЛ – 1.470.175 денари.

Од тимовите што настапуваат во Женската лига, најмногу субвенции од државата доби освојувачот на двојната круна Ѓорче Петров, а високо котираат и Чаир и Металург Автокоманда. Финансиските средства што требаше да ги добијат исклучените тимови од Женската лига, Скопје и Гевгелија, не се исплатени, иако и тие требаше да добијат одредени средства.

Најавено е дека наскоро повторно ќе има распределба на одредени средства, но од друг извор и по други освони и проекти.

Државни субвенции:

Еурофарм Пелистер – 12.218.106,00
Вардар – 11.436.368,00
Алкалоид – 10.684.928,00
Охрид – 9.923.487,00
Тиквеш – 9.162.047,00
Бутел Скопје – 8.400.606,00
Пролет – 7.639.166,00
Струга – 6.877.726,00
Прилеп – 6.116.285,00
Куманово – 5.354.845,00
Еурофарм Пелистер 2 – 4.593.405,00
Вардар Неготино – 3.831.964,00
Мулти Есенс – 3.070.524,00
Скопје – 2.309.083,00
Аеродром – 1.547.203,00

Бисинов ФЛ – 1.470.175,00
Радовиш – 1.360.294,00
Младост Богданци – 1.261.706,00
Драчево – 1.162.010,00
Металург РА – 1.047.914,00
Јехона – 950.433,00
Македонија ЃП – 839.660,00
Шампион – 739.964,00
Овче Поле – 641.376,00
Партизан Гевгелија – 527.280,00
Кичево – 429.799,00
Астраион – 319.026,00
Текстилец – 214.899,00
Преспа Вардар – 110.773,00

Ѓорче Петров – 3.525.205,00
Чаир – 3.257.206,00
Металург Автокоманда – 3.021.138,00
Вардар – 2.782.418,00
Куманово – 2.509.216,00
Стружанка – 2.275.800,00
Пелистер – 2.010.555,00
Скопје – 1.771.835,00
Деспина – 1.535.767,00
Спартак – 1.262.565,00
Овче Поле СУ – 1.029.150,00
Астибо – 763.905,00
Шампион  – 514.575,00
Гевгелија – 265.245,00