Изминатиот викенд беше комплетирано 3. коло во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија. Натпреварот меѓу Астибо и Стружанка не се одигра, бидејќи тимот од Струга го известило РФМ дека нема да патува во Штип.
Натпреварувачката комисија на РФМ ќе постапи согласно пропозициите за Женската лига и ќе го регистрира натпреварот со службена победа за домаќинките и 10-0. Со овие бодови, штипјанки ќе бидат многу блиску до позиција што води во плеј-офот од Женската лига.
На одиграните натпревари од третото коло немаше изненадувања, фаворитите одиграа според планот и дојдоа до посакуваните бодови. Актуелниот шампион Ѓорче Петров славеше на гостувањето кај Вардар, додека амбициозниот Металург Автокоманда прими само 10 гола од Гевгелија, а постигна дури 52.
На прва сезонска победа се радуваше Деспина, која на свој терен го совлада Спартак, додека некогашниот шампион Куманово во Свети Николе ја запиша втората победа во новата сезона и сега има „два од два“.
Скопје со победата над вториот тим на Ѓорче Петров дојде до втор сезонски триумф и со новите два бода се позиционира на 2. позиција во А групата.
Женска лига, 3. коло, резултати:
Група А
Скопје – Ѓорче Петров 2 29:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Стружанка 10:0 (службено)
Чаир слоб.
Група Б
Металург Автокоманда – Гевгелија 52:10 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ – Куманово 12:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер слоб.
Група В
Деспина – Спартак 39:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Ѓорче Петров 22:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион слоб.