Плзен подобар од Брно, Костески против Кукуловски – реми

Чешкиот шампион Талент Плзен ја продолжи победничката серија во домашното првенство, откако славеше против Брно со 26-18.

Ова беше македонски двобој во Чешка меѓу Никола Костески и Дејан Кукуловски, кој заврши со триумф на шампионот.

Десното крило од Струга и левиот бек од Ресен беа меѓу најдобрите на теренот и погодија по три пати во мрежата на ривалот.

Плзен сега има 21 бод на првото место на табелата, додека Брно останува на третата позиција со 18 бодови.