Пионерки: Вардар и Ѓорче Петров први низ целта по есенскиот дел

Изминатите неколку денови се комплетираше 7. коло, последно од есенскиот дел во женската пионерска лига, а останува викендов да се одигра уште еден заостанат натпревар, кој нема влијание на врвот на табелата.

Во група А, лидерот на табелата Вардар беше убедлив против Старк со 32-6. Најефикасна кај Вардар беше Сара Ристовска со седум гола, додека кај Старк најефикасни беа Анастасија Богатинова со четири погодоци, а Алена Иванова и Ангела Петрова имаа по еден погодок.

Во неизвесен натпревар Кузман Вардар славеше на гостувањето кај Астибо со минимални 14-13. Во текот на целиот натпревар резултатот се движеше за еден гол. Кузман Вардар исто така на полувреме имаше предност од 6-5. Победничкиот гол за Кузман Вардар го постигна Мила Савовска во 40. минута од натпреварот.

Најефикасна кај екипата на Кузман Вардар беше токму Мила Савовска со шест гола, додека кај Астибо најефикасна беше Јана Паневска со пет гола.

Овче Поле СУ триумфираше против Младост Богданци со високи 21-8. Најефикасни во редовите на тимот на Овче Поле СУ беа Андреа Василева и Нина Крстева со по седум гола, додека кај Младост Богданци најефикасна беше Мелита Бурмузовска со четири гола.

Делчево Вардар освои лесни бодови против Металург Автокоманда, откако го совлада со 28-12. Бојана Георгиевска беше предводник кај Делчево Вардар со 12 погодоци, додека кај Металург Автокоманда предводник беше Натали Маџовска со шест погодоци.

Во група Б, лидерот Ѓорче Петорв забележа триумф против Младост Јуниори од 24-20. Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Ања Лашкоска со девет гола, додека кај Младост Јуниори најефикасна беше Ана Стојчевска со 13 гола.

Чаир оствари победа против Лихнид со 16-8. Рона Мифатри со 10 гола беше најефикасна кај Чаир, додека кај Лихнид најефикасна беше Калина Симоноска со четири гола.

Стружанка лесно се справи со Деспина, откако на домашен терен беше подобра со резултат 24-13. Најдобар стрелец кај Стружанка беше Елена Балоска со 10 погодоци, додека кај Деспина најдобар стрелец беше Невена Бундоска со седум погодоци.

Натпреварот меѓу Металург и Пелистер со кој ќе се заокружи есенскиот дел од сезоната, треба да се одигра претстојниот викенд.

Пионерки, 7. коло, резултати:

Група А
Вардар – Старк 32-6
Делчево Вардар – Металург Автокоманда 28-12
Астибо – Кузман Вардар Илинден 13-14
Овче Поле СУ – Младост Богданци 21-8

Група Б
Чаир – Лихнид 16-8
Стружанка – Деспина 24-13
Младост Јуниори – Ѓорче Петров 20-24
Металург – Пелистер одл.