ПИОНЕРКИ: Познати полуфиналните двојки – кој против кого на Ф4

По комплетирањето на групната фаза од женската пионерска лига, познати се полуфиналните двојки на завршниот турнир.

Во групата А, првопласирана беше екипата на Вардар, со 12 победи на 12 меча и во полуфиналето ќе се соочи со тимот на Стружанка, која беше втора во групата Б.

Првопласиран во групата Б беше составот на Ѓорче Петров, кој ќе се соочи со Делчево Вардар, кој пак заврши втор во групата А.

Завршниот турнир во женската пионерска лига, каде шампионот од лани Пелистер нема да ја брани титулата, ќе се игра претстојниот викенд на 27/28 април.