Најмладите ракометари, во пионерска конкуренција од денеска до сабота ќе се борат за пласман на завршниот турнир со најдобрите четири екипи. Минатиот викенд се играа првите мечеви, а сега треба да се одиграат реваншите. Три екипи имаат „солидна“ предност, и веројатно само на еден меч ќе биде докрај неизвесно.
Во Битола се игра дербито, меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Динг од Струга. На првиот меч во Струга победија гостите, минимално со 9-8. Сега сите опции се отворени, и тој дуел ќе привлече најмногу внимание.
Со една нога пласман на Ф4 веќе имаат обезбедно Вардар, Охрид и Алкалоид. Но, треба да се потврди добрата форма и резултатот од првиот меч.
Ф4 турнирот треба да се игра следниот викенд, на 16 и 17 мај, а домаќинот и двојките ќе бидат дополнително објавени.
Реванш средби од четвртфиналето во пионерска конкуренција
Четврток, 8 мај,
Вардар – Мулти Есенс (24-9)
сала – „Круме Кепески“ 20 часот
Петок, 9 мај
Аеродром – Алкалоид (28-14)
сала – „Јане Сандански“
Сабота, 10 мај
Охрид – Тиквеш (19-10)
сала „Тодор Александаров“ – Охрид
Еурофарм Пелистер 2 – Динг (9-8)
сала „Боро Чурлевски“ – Битола