ПИОНЕРИ: Аеродром, Охрид и Алкалоид на чекор до Ф4

Пионерските екипи на актуелниот шампион Аеродром, на Охрид и на Алкалоид се најблиску до директен пласман на Ф4 турнирот, бидејќи на четири кола до крај на првенството се лидери во своите групи. Истовремено, имаат и позитивен биланс во директните дуели со ривалите кои им дишат во врат.

Интерсна борба ќе биде освојување на второто место во секоја група, зашто тоа носи можност преку дополнителни мечеви да се избори некој тим за последното место и да биде еден од четирите тимови што ќе се бодат за титулата. Во таа група се екипите на Струга, Голден Арт, Еурофарм Пелистер 2, Куманово и Еурофарм Пелистер.

Според пропозициите победниците од секоја група директно играат на Ф4, а потоа второпласираните тимови од А и Б групите играат меѓусебен бараж меч. Победникот потоа се среќава со вториот тим од група В, и подобриот од таа средба ќе игра на Ф4 турнирот.

Во А групата Охрид е лидер, а од втор план шанс ачекаат Струга и Голден Арт. Овој меѓусебен дуел на двата тима што е следниот месец ќе реши која екипа ќе биде најмалку втора, а можеби и прва доколку Охрид некаде „киксне“ до крај на првенството, што е малку веројатно. Струга во дербито на колото со триумфот од 28-14 ги урна надежите на Еурофарм Пелистер 2 да им аотворен пат кон второто место. Стефан Ѓорѓиески со 7 гола и Војо Клењоски со 6 беа најефикасни кај домашните, а Иван Митровски даде 8 гола за Еурофарм Пелистер 2.

Во Б групата во моментов лидер е Еурофарм Пелистер, кој има ист број бодови со Алкалоид, но скопјани имаат подобра меѓусебна гол разлика, и доколку на крај од сезоната имаа ист број бодови тимот од Автокоманда ќе игра директно на ф4 турнирот. Викендов фаворитите победија без проблеми.

Актуелниот шампион Аеродром во група В и на вториот меѓусебе натпревар го победи Бисинов, овојпат во Велес со 18-16, со што скопјани остануваат лидери и имаат подобро меѓусебна гол разлика со Куманово, кој има ист број бодови. Велешки Бисинов за да биде во игра за второ место ќе мора да го победи Куманово, но и да чека нивни кикс до крај на сезоната, што исто така е малку веројатно.
Водеше Аеродром и со „плус 4′ на полуврем ево Велес, па пото апопушти и му дозволи на домаќинот да израмни. Но во последните минути реализираа напади со кои ја потврдија победата.

РЕЗУЛТАТИ:
Група А
Голден Арт – Динг 31-12
Струга – Еурофарм Пелистер 2 28-14
Јуниор КВ – Мулти Есенс 8-35
ТАБЕЛА: Охрид 34 бода (12 меча), Струга 31 бод (13 меча), Голден Арт 31 бод (13 меча), Еурофарм Пелистер 25 бода (12 меча), Динг 15, Вардар 12, Мулти Есенс 12, Асови 3 и Јуниор КВ без бодови.

Група Б:
Илинден Вардар – Вардар неготино 26-19
ЗРК Голден Арт Аеродром – Еурофарм Пелистер 11-34
Алкалоид – Прилеп 22-9
ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 36, Алкалоид 36, Скопје 24 (-1 меч), Тиквеш 22, Прилеп 19, Младост Јуниори 12, Илинден Вардар 12, ЗРК Голден Арт Аеродром 3, Вардар Неготино без бодови.

Група В
КЛ7 Св. Николе – Астраион 26-9
Македонија ЃП – Бутел 24-13
радовиш – Текстилец 12-22
Куманово – Пролет 23-19
Бисинов – Аеродром 16-18
ТАБЕЛА: Аеродром 39 бода, Куманово 39, Бисинов 33, Македонија ЃП 30, Пролет 21, Текстилец 18, КЛ7 Св. Николе 15, Радовиш 6, Астраион 6, Бутел 3 бода.