Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед прави комплетен ремонт за претстојната сезона и им се заблагодари на шестмина ракометари.
Покрај тренерот Кристијан Карпати, кој се враќа во младинските школи, од клубот заминуваат и долгогодишните членови Деан Бомбач, Матеј Габер и Лука Степанчиќ.
Бомбач се сели во амбициозниот Ѓер, Габер ќе игра во францускиот Нант, додека Степанчиќ можеби ќе го засили Келце.
Заминуваат и Карлос Молина, Золтан Сита во полскиот првак Висла Плоцк и Мигел Мартинс, кој ќе настапува за данскиот Алборг.
Овие шестмина нема да бидат единствените што заминуваат од ПИК Сегед, а многу веројатно и голман Емил Имсгард ќе оди на позајмица, бидејќи има актуелен договор.
Ова лето ПИК Сегед ќе го преземе Микел Апелгрин, а доаѓаат голманот Тобијас Тулин, Јанус Дади Смарасон, Лазар Кукиќ, Жереми Тото и Магнус Род.