Петка за Димитриоски и Карапалевски, Ваљадолид фаќа залет кон Европа

Тимот на Ваљадолид, каде што играат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, славеше нова победа во Асобал лигата.

Ваљадолид на домашен терен беше убедлив против составот на Хелветиа Анаитасуна и победи со осум гола разлика, 34-26.

Македонците имаа важна улога во високиот триумф – Димитриоски даде три гола од четири обиди, додека Карапалевски стрелаше два пати од два обиди.

Ваљадолид сега е во серија од пет победи, има 26 бода на петтото место што носи пласман во Лигата на Европа, но и четири бода помалку од второпласираниот Гранољерс.

Следен предизвик за Димитриоски и Карапалевски со Ваљадолид ќе биде домашнот натпревар со Куенка.