Ракометарите на Прилеп и Тиквеш се задоволија со по еден бод по ремито, 28-28 во последниот натпревар од 3 коло во Супер машката лига. Иако кавадарчани водеа со 28-26 на 90 секунди до крајот, сепак прилепчани се спасија од пораз и можат да бидат задоволни со освоениот бод. Најпрво Тренчевски беше прецизен, а потоа и Кастратовиќ погоди во голот на Тиквеш за реми. Гостите не успеаја да упатат удар во преостанатите секунди, па мечот заврши нерешено.
Aндреј Стојановски одигра одличн меч за домаќините и постигна десет погодоци, а имаше важна улога и во одбраната, додека Шипинкоски реализираше шест пати. Кај кавадарчани предводници беа Ончев и Бен Махфуд со по пет гола, додека голманот Солев запиша десет одбрани.
Тиквеш предводен од голманот Солев, одлчичо отвор на стартот, и поведе со 6-2, а домаќините се мачеа во нападот, но како одминуваше времето така фаќаа приклучок и пред паузата стигнаа и до највисока предност, 16-13, но Коцев се погрижи за намалена негатива на кавадарчани, 16-14.
Гостите го почнаа второто полувреме решени да направат пресврт, а тоа им успеа помогнати од голманот Солев и од грешките на домаќините. Кавадарчани имаа шанса за плус три на 18-16, но Трајкоски му запре зицер од контра на Коцев, па Танески мораше да бара минута одмор во раната фаза од вториот дел.
Неговите момци првпат погодија преку Кастратовиќ за минус еден, но Тиквеш не попушташе во ритамот и прдноста на кавадарчани се движеше меѓу еден и два гола, се до 40 минута кога Шипински со убав погодок успеа да израмни на 21-21.
Имаа домашните прилика да го вратат водството, но погреши Кастратовиќ, па Грчевски викна тајм-аут. Двете екипи и погодуваа и грешеа паралелно, но Тиквеш беше тој што казни две домашни грешки и поведе со 25-23 на стартот на последните десетина минути.
Три гола во серија даде Прилеп, но Маркоски беше исклучен и Тиквеш израмни преку Ончев од пенал, 26-26. Истиот играч уште еднаш беше прецизен, а по одбраната на Солев, Димовски набрзина реализираше за 28-26 за кавадарчани и Танески побара тајм-аут кога останаа 90 секунди до крај.
Тренчевски погоди, гостите се сплеткаа и Прилеп тргна во последен напад. Домаќините ризиуваа со варијанта „седум на шест“, без голман, но тоа се исплати на крајот и Кастратовиќ беше прецизен за 28-28, односно поделба на бодовите од овој меч.

























