Петар Атанасијевиќ броеше до 14, Еурофарм Пелистер како на тренинг ги совлада неготинци

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер рутински одигра против Вардар Неготино во натпревар од 11. коло и славеше со 38:14.

Избраниците на Бранислав Ангеловски во период од 15 минута, па до 33 минута, беа без примен гол. За тој период, домашниот тим имаше постигнато дури 11 погодоци во мрежата на гостите.

Ракометарите на Вардар Неготино беа достоен ривал до средината на првиот дел кога заостануваа на гол негатива, 8:7, но потоа домашниот табор со одличната одбрана и расположените Петар Атанасијевиќ и Костески, направи фантастична серија од 10:0 и на пауза замина со резултатска предност од плус 11, 18:7.

Гостите откако последниот гол во првиот дел го постигнаа во 15 минута, првиот гол во второто полувреме го реализираа во 33 минута преку Кузманов, кој ја прекина серијата од 11:0 на домаќините.

Очекувано, вторите 30 минути не донесоа ништо ново, напротив, домаќините ја зголемија предноста уште повеќе, лесно стигнуваа до позиција за гол и со голови од контри и полуконтри дојдоа до победа, која беше изразена со 24 гола разлика.

Најефикасен на средбата беше членот на Еурофарм Пелистер, Петар Атанасијевиќ со 14 погодоци. Во поразениот табор прв стрелец беше Лазар Адамовиќ, кој стрелаше пет пати.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126