Пешевски не мрда од Битола – останува најмалку уште една сезона

Репрезентативниот кружен напаѓач и еден од капитените на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски се обврза на нов едногодишен договор, со опција и за втора сезона во дресот на битолскиот тим.

По враќањето од Германија, Пешевски пронајде своја нова домашна средина во Битола и одлично се вклопи во актуелниот шампион. На половина година од истекот на стариот договор од Еурофарм Пелистер парафираа нов, со желба и тој да биде успешен како претходниот.

33-годишниот Жарко Пешевски пред две и пол години од Штутгарт се врати во Македонија и потпиша за Еурофарм Пелистер. Покрај овие два клуба настапуваше уште за Металург и Мотор Запорожје.

Искусниот Пешевски е еден од главните алки во тимот на Алсоно и еден од најзаслужните за двете освоени домашни титули во претходните две сезони