Перфекција на Поповски, со десетка ја почести Женева

Македонскиот интернационалец Мартин Поповски одигра уште една одлична партија и беше најдобар стрелец во новиот триумф на неговиот тим Цирих.

Цирих на домашен терен го совлада составот на Женева со 28-25, во натпревар од 13 рунда во швајцарскиот шампионат.

Десното крило, кое во Цирих ја покрива и десната бековска позиција на овој натпревар постигна десет погодоци од 11 обиди.

Цирих сега има 18 бодови и се наоѓа на делба на второто место со Криенс Луцерн, а следниот меч ќе го игра на гостински терен токму со тимот на Луцерн.