Пена Граматова со нов предизвик – ќе ги брани боите на Војводина

Македонската интернационалка Пена Граматова во понатамошниот дел од сезоната ќе настапува во српскиот шампионат.

Велешанката, која на почетокот на оваа се пресели во Словенија и играше за Целје, ќе го носи дресот на Војводина до крајот на сезоната.

Екипата на Војводина посакува да го подобри бодовното салдо на табелата, бидејќи на десет одиграни натпревари успеа да освои само бод и доаѓањето на Граматова ќе биде голем плус за клубот од Нови Сад.

Граматова во Македонија настапуваше за двата екс шампиони – Металурт и Куманово, додека својата кариера ја започна во Леов Бартек, клуб со кој бележеше солидни резултати на македонска сцена.