Екипите на Пелистер, Спартак и Овче Поле СУ остварија победи во рамките од 7. коло од плеј-аут фазата во Женската лига.
Битолчанки на гостувањето во Струга кај Стружанка триумфираа со 24:22 (12:10) и ги задржаа шансите за првото место на табелата.
Предводник во битолскиот тим беше Моника Босилковска со девет погодоци, а ја следеше Наталија Дишковска со пет реализации.
Кај Стружанка прво име беше Теодора Маркоска со седум погодоци, пет додаде Ивана Затуроска.
Спартак ги освои бодовите против Ѓорче Петров 2 со триумфот од 29:25 (13:13), а победничката екипа беше предводена од Зорица Андовска со осум погодоци.
Во составот на Ѓорче Петров 2 најефикасна беше Ангела Цветановска, која зад своето име запиша шест реализации.
Овче Поле СУ на гостувањето кај Шампион без многу проблеми дојде до победа од 28:19 (14:10).
Одлична партија во победничката екипа беше Анастасија Сентовска со 12 погодоци, кај поразените се истакна Мила Филипова со шест реализации.