Пех за Tиквеш: Без капитенот Симиќ на двобојот против шампионот!

Капитенот на Тиквеш, Страхиња Симиќ, нема да настапи на натпреварот против шампионот Еурофарм Пелистер.

Симиќ има скинати мускулни влакна и според првичните прогнози би требало да пропушти две до три недели.

Со оглед на тоа што следува ЕХФ недела, а потоа и натпреварите од Купот на Македонија, Симиќ би требало да биде одново на терен на средбата на Пролет на 30 март.

Стратегот Раде Стојановиќ на средната бековска позиција го има Славчо Шулески, а таму би можеле по потреба да покријат Мики Лазов, Срѓан Мијатовиќ или Спасоје Гачевиќ.

Битолчани исто така ќе бидат ослабени на оваа средба и нема да сметаат на Ненад Костески и Павле Атанасијевиќ.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер ќе се игра во салата „Јасмин“ утре со почеток во 19:30 часот.