Пех за Полска – без еден од најдобрите ракометари на ЕП?!

Селекторот на Полска, Марцин Лијевски, се соочува со голем проблем пред стартот на Европското првенство во Германија.

Лијевски можеби нема да смета на еден од најдобрите стрелци во полската репрезентација, Аркадиуш Морито, пишува „ТВП Спорт“.

Морито се врати по неколку недели отсуство на мечот меѓу Келце и Висла Плоцк и постигна два гола, но се уште не е подготвен за максимум.

„За несреќа, моето рамо се уште не е ОК. Јас не требаше да играм, туку Павел Пачковски, но тој се повреди во последен момент, па затоа јас влегов во составот во последен момент. Минатата недела тренирав, но не сум 100% подгтовен, морав да играм под инјекции“, вели Морито.

Тој се повреди на пријателскиот дуел меѓу Полска и Унгарија во ноември. Сега ќе биде со националниот тим, ќе се обиде да тренира но нема да игра на пријателските мечеви со Аргентина, а одлуката дали ќе настапи на ЕП ќе биде донесена на почетокот на јануари ако биде комплетно спремен.

Полска е во тешка група со Словенија, Норвешка и Фарски Острови.