Пех за Чаир – без Дукоска до крајот на сезоната!

Ракометарката на Чаир, Теодора Дукоска, предвреме ќе ја заврши натпреварувачката сезона, откако доживеа тешка повреда.

Стружанката има скинати лигаменти на рамото, а лекарскиот тим утврдил дека во најскоро време треба да се направи операција.

Дукоска ќе се оперира оваа недела, по што ќе се знае колку ќе отсуствува од ракометните терени.

Тоа значи дека членката на Чаир нема да може да му помогне на својот тим во борбата за титулата во Женската лига.

Во зависност од времето за рехабилитација, 19-годишната Дукоска многу веројатно ќе го пропушти и настапот на Мундијалот за младинки во јуни во Скопје.