По само пет месеци откако стана мајка, македонската репрезентативка Моника Килдан Јанеска, се враќа на терените.
Организаторот на играта остана без клуб по распадот на Анталија Коњалти, но Јанеска одново ќе настапува во турскиот шампионат.
Таа потпиша за тимот на Трабзон Ортахисар, кој се натпреварува во турската елитна конкуренција и во моментов се наоѓа на седмото место.
Јанеска која потекнува од Гостивар, во Македонија настапуваше за Кале Кичево, Вардар и Гевгелија, а потоа беше дел од унгарскиот Мошонмаѓаровар.
Најдолго време помина во Турција, каде ги носеше дресовите на Мардин Башакспор, Мудања Беледијеспор, Ардесен, Анкара…
Таа ја прекина кариерата на почетокот на оваа година, беше дел од првите две средби од квалификациите за ЕП 2024, но потоа мораше на пауза.