Партизан на Маџовски останува перфектен во српскиот шампионат

Екипата на Партизан, во која настапува Бојан Маџовски, го задржа максималниот ефект, откако вечерва ја запиша 21-та победа во српскиот шампионат.

Партизан за ривал го имаше тимот на Југовиќ и без многу проблеми дојде до триумф од пет гола разлика, 31:26.

Маџовски и соиграчите на полувреме водеа со 19:13 и во вторите 30 минути во ниту еден момент не им дозволија на гостите да имаат било какви шанси за приклучок.

Македонецот во дадената минутажа успеа да запише четири погодоци, а Стеван Вујовиќ, кој дел од својата кариера мина во Вардар и Металург, беше најефикасен со седум погодоци.

Тимот од Белград е прв на табелата со 42 бода, додека актуелниот шампион Војводина на свое конто има 38 бода.

Партизан во следното, 22 коло, кое е последно од регуларниот дел, за ривал ја има Колубара.