Партизан Гевгелија на свој терен го надигра Кичево

Ракометарите на Партизан на свој терен триумфираа против тимот на Кичево со 28:25 (11:11) во натпревар од 7. коло во прволигашкиот плеј-аут.

За тимот од Гевгелија ова беше третиот триумф во вториот дел од сезоната и со бодовите освоени на денешниот натпревар влезе во игра за врвот на табелата.

Двете екипи играа променливо во текот на сите 60 минути, но ниту една од нив не направи посериозна предност.

Победникот на натпреварот беше одлучен во последните моменти, при нерешен резултат од 24:24, домаќините врзаа два гола во низа, се одлепија на 26:24 и до крајот не ја испуштија предноста.

Најефикасен во победничката екипа беше Димитар Атанасов со осум погодоци, шест додаде Никола Анакиевски.

Кај тимот од Кичево се истакна Никола Стрезоски, кој во мрежата на домаќините имаше седум реализации.