Белорускиот лев бек Владислав Кулеш е најновото засилување за српскиот шампион Партизан за новата сезона.
Иако беше понуден на Вардар, сепак Кулеш ќе заигра за тимот што ќе биде предводен од Раул Гонзалес.
Кулеш доаѓа од Бундес лигата, каде го носеше дресот на Мелсунген, а претходно настапуваше за Хановер, полскиот Келце и СКА Минск.
Претходно Партизан ги потврди трансферите на Илија Абутовиќ, Јуав Лумбросо, Мигел Санчез Мигаљон, Милош Кос…

























