Домаќинот на Олимпискиот турнир, Франција, стартуваше победнички во Париз, откако ја совлада селекцијата на Унгарија со 31-28.
Унгарките имаа фуриозен старт и поведоа со 6-2, но Французинките не се предаваа и направија комплетен пресврт за водство од плус два, 10-8.
До паузата избраничките на Оливие Крумболц стигнаа и до плус, 15-12 и во вториот дел не ја испуштаа предноста.
Иако Унгарија во повеќе наврати се доближуваше на гол негатива, немаше сили за камбек во мечот и Франција рутински одработи.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Нзе Минко со шест и Фопа со пет реализации, додека Сако и Глозе комбинираа осум одбрани. Во унгарскиот состав се истакна Кучора со осум гола.