Селекцијата на Шпанија славеше на премиерниот натпревар на Олимпискиот турнир против Словенија со 25-22.
Најзаслужен за триумфот е голманот Гонзало Перез Де Варгас, кој успеа да собере дури 15 одбрани.
Словенците може да жалат затоа што пропуштија голема шанса и имаа плус три гола предност во второто полувреме, напад за плус четири, но не го реализираа.
Тогаш почнаа да грешат Бомбач, Јанц…и Шпанија направи комплетен камбек во мечот, израмни на 15-15, потоа и поведе со 19-16.
Зорман повика тајм-аут, но се чини беше задоцнет. Успеаја неговите момци да намалат во два наврати на минус еден гол, по добрите интервенции на Лесјак.
Сепак немаше време за нешто повеќе и Словенците мораа да се помират со пораз на стартот на ОИ.
Најдобар стрелец во шпанскиот состав беше Гомез со шест гола, додека Фернандез даде четири, а во словенечката репрезентација се истакна Бомбач со пет погодоци.