ПАРИЗ 2024: Сензационален пораз на Франција, домаќинот се оддалечи од четвртфиналето!

По поразот од Данска во првото коло, домаќинот на Олимписките игри, Франција загуби сензационално и во второто коло.

Овојпат подобри од избраниците на Гијом Жил беа Норвежаните, кои им држеа лекции на олимписките шампиони и славеа со 27-22.

Во еден момент во првиот дел скандинавскиот тим водеше и со седум гола разлика, 14-7, но домашните почнаа да се соземаат малку по малку и намалија дел од негативата до паузата, 16-11.

Во вториот дел Французите предводени од Дика Мем, стигнаа до минус три, 21-18 и се чинеше дека ќе има комплетен камбек.

Сепак тоа не се случи. Норвежаните не попуштија под притисокот, успешно се бранеа и на крајот забележаа важна победа во битката за подобра позиција пред четвртфиналето.

Најдобар стрелец во францускиот состав беше Дика Мем со десет гола, додека кај Норвешка се истакна Блонц со седум погодоци.