Женската репрезентација на Франција ја забележа четвртата победа во четири одиграни натпревари на Олимиските игри.
Домаќинот славеше и против Ангола со убедливи 38-24 и пред последното коло ја потврди првата позиција на табелата пред четвртфиналето.
Избраничките на Оливие Крумболц по првиот дел водеа со 18-14, а во вториот дел комплетно го надиграа противникот.
Орлан Канор стрелаше седум пати за Франција, додека Тамара Хорачек постигна шест гола. Кај Ангола по пет гола запишаа Карлос, Ненганга и Паскоал.
На табелата сега Франција има осум бода, пред Холандија со шест и Унгарија со пет бодови, па за последното место во четвртфиналето ќе се борат Ангола и Бразил во директен дуел.