Еден од најголемите фаворити за златото на ЛОИ, репрезентацијата на Данска без загубен меч и загубен бод стигна до финалниот меч, откако во полуфиналето ја победи Словенија со 31-30 (15-10). Данците се само третата репрезентација што успеала трипатида стигне до финалето на машкиот ракометен турнир на ЛОИ. И тоа трипати по ред. Но, мечот можеше да донесе поголема драма на крајот.
Словенците не се предадоа, иако имаа резултатска негатива во текот на целиот меч. Ниту 5-6 гола негатива не ги поколеба, па полека ја топеа предноста и во 57 минута намалија на 29-31 и имаа напад. Но, не успеаја да нападат, и поради пасовна игра топката им беше одземена. Добија уште една шанса да намалат на само еден гол, и под закана за пасивна игра Блаж Јанц погоди за 30-31 на 50 секунди до крај на мечот.
Микел Хансен промаси пенал на 25 секунди до крај, ама Словенија не реализираше на спротивната страна. Бараа Словенците пенал, но судиите од Чешка покажаа само на удар од девет метри. Мачковшек шутираше над гол
За разлика од претходните две Олимпијади каде финалето беше Данска – Франција, сега за златото ќе се борат Данска и Германија. Скандинавскиот тим го повтори успехот на Шведска која од 1992 до 2000 година трипати по ред играше во финалето, а потоа уште еднаш во Лондон, но секогаш губеше. Франција исто така четирипати играше во финалето, и трипати победуваше.
За Словенија ова беше најголемиот успех, и немаа шанса против Данците во ниту еден момент од натпреварот. Од самиот почеток Данците ја имаа резултатската контрола, а на полувреме и предност од 15-10. Единствено во второто полувреме Словенците намалија на „минус 3“ на 16-19, но толку од можнисот пресврт.
Данска пак „притисна“ ги искористи грешките на ривалот и набрзина отиде на „плус 5“ и „плус 6“. Во средината на второто полувреме Данска имаше предност од 26-22. Наместо лесна завршница, Данците се олабавија, Словенците не се предадоа и дојде до интересна завршница.
Ландин со 6 гола беше најефикасен кај Данска, а по пет гола дадоа ХАнсен и Јоргенсен. Во репрезентацијата на Словенија, најефикасен беше Бомбач со 7 гола, исто колку и Влах.