Отпуштија 11 ракометари поради недисциплина!

Неверојатна вест пристигнува од турскиот шампионат – тимот на Бурса Нилуфер отпушти дури 11 ракометари!

Клубот во објавата не наведува конкретна причина зошто се одлучил на овој несекојдневен потег, но може да се прочита меѓу редови дека првотимците го нарушиле етичкиот кодекс.

„Спортот е натпреварувачка и забавна активност која ги истакнува човечките вредности, бара одредена количина сила и вештина и има универзални правила. Етиката во спортот – тоа е поглед на живот кој се заснова на почитување на самиот спортист, противникот, судијата, љубителите на спортот и јавноста. Во овој момент, со голема жал констатираме дека нашиот клуб, поради нарушување на некои дисциплински правила, еднострано ги раскинуваме договорите со 11 ракометари“, се вели меѓудругото во соопштението на Бурса Нилуфер.

По есенскиот дел од сезоната, Бурса Нилуфер се наоѓа на петтото место со биланс од пет победи и пет порази.