Од довчерашиот клуб на Сара Ристовска, ЦСКА Москва, најавија промени во стручниот штаб за новата натпреварувачка сезона.
Иако московската екипа освои три трофеи на домашна сцена во изминатата сезона, сепак, управата на клубот одлучи клупата да биде предводена од нови лица.
На местото на главниот тренер Олга Акопјан ќе биде Олег Кулешов, кој во рускиот шампион ќе пристигне од Динамо Синара.
Негов асистент ќе биде некогашната легендарна ракометарка на Русија, Надежда Муравјева.
Екс ракометарката на Русија во ЦСКА Москва ќе биде замена за својата поранешна репрезентативна колешка Људмила Бодниева.
Клупскиот директор на ЦСКА Москва, Едуард Акопјан, исто така нема повеќе да ја извршува директорската позиција.