Олсон дополнително повика нов играч за ЕП

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Холандија, Стефан Олсон, за настапот на Европското првенство дополнително повика уште еден ракометар.

Станува збор за десното крило Јаник Ван Зундерт, кој ќе им се придружи на останатие 16 повикани играчи за континенталниот собир.

21-годишниот ракометар дебитираше за „лалињата“ на пријателските натпревари во подготвителната фаза.

Олсон на Европското првенство нема да го има на располагање членот на Фленсбург, Кај Смитс.

Холандија на Европското првенство ќе настапи во група заедно со БиХ, Грузија и Шведска.

ЕП 2024: Група Е – Бранителот на титулата пред сите, ослабената Холандија посакува прогрес

ШОК за Холандија пред ЕП – Смитс мора на пауза!