Ракометарите на Охрид на свој терен немаа проблеми против прволигашот Младост Богданци, триумфираа со 34:19 (20:9) во елиминациското коло од Купот и обезбедија пласман во групната фаза.
Охриѓани одиграа доминантно во текот на целиот натпревар, наметнаа темпо што гостите не можеа да го следат, лесни постигнуваа голови и на крај дојдоа до висока победа.
Прв стрелец во тимот на Охрид беше Деан Шешиќ со седум погодоци, шест додаде Ерај Каракоч, еден гол помалку запиша репрезентативецот на Грузија, Теимураз Орјоникидзе.
Најефикасен во поразениот табор беше младинскиот репрезентативец Антонио Николоски, кој шестпати стрелаше во голот на ривалот.
Куп на Македонија, елиминации:
Борец – Пролет 11-49
Прилеп – Јехона 40-17
Куманово – Текстилец 28-21
Астраион – Струга 18-25
Голден Арт – Аеродром 37-27
Бутел Скопје – Македонија ЃП 49-26
Драчево – Алкалоид 26-44
Партизан Гевгелија – Тиквеш 20-56
Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 48-23
Еурофарм Пелистер – Шампион 57-16
Преспа Вардар – Радовиш 22:41
Бисинов – Мулти Есенс 24-39
Кичево – Вардар Неготино 21-41
Младост Богданци – Охрид 19-34
10/12, 16:00 Металург РА – Скопје