Ракометарите на Охрид стартуваа со висока победа во новата сезона во суперлигашкото друштво, откако славеа кај Радовиш со 36-18.
Победникот беше најавен уште по првото полувреме. Момците на Стевче Алушовски поведоа со 6-0, а до паузата беше и 18-8.
Немаше никакви дилеми ниту во вториот дел од мечот во салата „25 Мај“ во Радовиш, а тоа беше шанса да заиграат сите ракометари.
Тоа не се почувствува во поглед на водството на Охрид, кое само растеше до конечните плус 18.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ојлески со седум, како и Пешиќ и Бојаниќ со по пет гола, додека кај Радовиш се истакна Постолов со седум погодоци.