Одредени групите за Светското клупско првенство

Светското клупско првенство оваа година ќе се игра од 27 септември до 3 октомври во Египет.

Беше извршена ждрепката за групната фаза во која ќе учестуваат девет екипи поделени во три групи по три екипи.

Бранителот на титулата, Магдебург, кој ги освои последните три трофеи на ова натпреварување, ќе игра во групата Ц против Ал Калеј од Саудиска Арабија и дебитантот Калифорнија Иглс.

Барселона, која е европски шампион ќе биде дел од групата Б заедно со Ал Ахли и Сиднеј Универзитет.

Третиот европски гигант, унгарскиот Веспрем, се најде во групата А заедно со Замалек и Таубате.

По двата меча од групите, во полуфиналето ќе се пласираат првопласираните од трите групи плус најдобрата второпласирана екипа.