Европската ракометна федерација го одложи доделувањето на организацијата на Европското првенство 2026 година во женска конкуренција.
Иако беше најавено дека тоа ќе се случи на прес-конференцијата на завршниот ден од ЕП, сепак Извршниот Комитет одлучи тоа да биде на следниот состанок на ИО.
Откако организацијата и беше одземена на Русија, во конкуренција сега се Турција, како и заедничките кандидатури на Полска/Чешка, односно Романија/Словачка.
Следното Европско првенство во 2024 година ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија и ќе биде прво во женска конкуренција со 24 селекции.